Top Sport

Јанузај: Во Јунајтед едноставно не сакаа да ми дадат шанса

Поранешниот „вундеркинд“ на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај вели дека едноставно морал да замине од „Олд Трафорд“ бидејќи не добивал шанса да игра.

Белгиецот со албанско потекло беше најавуван како нова голема ѕвезда во Јунајтед, но откако беше позајмен во Борусија Дортмунд и Сандерленд, тој направи трансфер во Шпанија во тимот на Реал Сосиедад, каде што добива редовно шанса да игра, а беше дел и од белгиската репрезентација која го освои третото место на СП во Русија.

„Не добив шанса бидејќи тогаш Жозе Мурињо сакаше поискусни фудбалери со големи имиња. За мене тоа не беше проблем. Морав да одам понатаму и сега сум среќен во Шпанија бидејќи имам шанса да го покажам тоа што го знам. Секогаш знаев дека сум доволно квалитетен да играм за Манчестер јунајтед и знам за што сум способен. Уживам во фудбалот. Јунајтед се мачат во моментов, но тоа е голем тим со големи фанови и ќе се вратат на врвот“, вели Јанузај за „Скај спортс“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top