Top Sport

Познат следниот противник за Конор Мекгрегор? (видео)

Доналд „Каубој“ Серон самиот се промовираше во следен противник на Конор Мекгрегор, најавувајќи „многу возбудлив“ противник со фотографија на Ирецот на Инстаграм и со порака: „Го чекам!“.

Двете УФЦ ѕвезди требаше да се сретнат во октагонот во 2015 година, но Серон загуби од Рафаел дос Анхос и шансата се пропушти. Серон го победи Мајк Пери во Денвер минатиот викенд уште во првата рунда.

Последен меч на Мекгрегор, секако, беше поразот од Хабиб Нурмагомедов во Лас Вегас минатиот месец, и Ирецот во моментов е суспендиран поради учеството во инцидентите по мечот до одржувањето на дисциплинската постапка до крајот на годината. И покрај ова, Мекгрегор вети дека ќе се врати во октагонот, прво барајќи ри-меч со Нурмагомедов, кој засега не е на видикот.

 

View this post on Instagram

 

Just waiting on him! ?. “ I know a guy” ?

A post shared by Donald Cerrone (@cowboycerrone) on

Scroll to Top