Top Sport

Јапонците со луд пресврт, водат со 2:1 против Шпанија, вака Германците испаѓаат!

Иако во првото полувреме имаа помалку од 30 отсто посед на топката, јапонската фудбалска репрезентација напрви луд пресврт против Шпанија и во првите осум минути од второто полувреме поведува со 2:1 против „фуријата“. Со вакви резултати, иако Германија води со 1:0 против Костарика, испаѓа, бидејќи им требаат барем уште седум постигнати голови за да го преземат второто место од Шпанците!

Замената Рицу Доан во 48. минута постигна прекрасен гол за да израмни за Јапонија, за во 53 минута, Танака да го постигне вториот гол, кој по долгата ВАР пауза за да се провери дали топката излезе од теренот, беше признаен за лудило на трибините.

Scroll to Top