Top Sport

Јапонец ќе го засили Ливерпул

Ливерпул и Јирген Клоп се во панична потрага по дефанзивен играч во редот за врска. Челси им ги распиа плановите на „црвените“, откако буквално им ги украде најпрвин Мојзес Каиседо, а потоа и Ромео Лавија.

Ливерпул мора да донесе играч на оваа позиција, бидејќи во преодниот рок клубот го напуштија капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо. Покрај овие двајца важни играчи во формацијата на Клоп, дел од клубот повеќе не се: Наби Кеита, Џејмс Милнер и Алекс Окслејд-Чембрлен.

Откако им пропаднаа трансферите на Каиседо и Лавија, клубот од „Енфилд“ влезе во преговори со Штутгарт за Ватару Ендо.

30. годишниот Јапонец, минатата сезона, постигна пет гола и забележа четири асистенции на 33 натпревари во Бундеслигата,

Ендо има добри статистички показатели, минатата сезона беше четврти во Бундес лигата по број на освоени дуели, а седми по претрчаните километри.

Scroll to Top