Младиот фудбалер Такефуса Кубо е најновото засилување на Реал Мадрид, соопштија од „кралскиот клуб’“. Кубо наредната сезона ќе игра за Кастилја, вториот тим на Реал Мадрид.
Шпанските медиуми објавија дека 18 годишниот фудбалер потпишал пет годишен договор, а ќе заработува два милиони евра по сезона. Реал за овој играч платил два милиони евра.
Кубо е еден од првите Јапонци кои пристигнале во Барселона, тој во ла Масија бил во 2011 година. Но откако ФИФА утврдиле дека во тој транснфер биле прекршени одредбите за потпишувашње на договори со малолетни фудбалери, договорот бил поништен и Кубо се вратил во Токио.
Инаку, прекарот на Кубо е „јапонскиот Меси“.