Top Sport

Митровиќ пред трансфер во Бетис

Фудбалскиот клуб Бетис од Серилја испратил понуда до Фулам за трансфер на српскиот напаѓач Александар Митрович, објавија шпанските медиуми.

Според „Марка“, спортскиот директор на Бетис, Лопез Каталан се наоѓал во Лондон каде ќе преговара околу трансферот на Митровиќ.Бетис имале намера на Митровиќ да му понудат пет годишен договор.

Фулам за Митровиќ бара 25 милиони евра, сума што Бетис сака да ја плати.

Митровиќ (24) оваа сезона постигна 11 гола на 39 натпревари за Фулам. Договор со тимот од Лондон има до 2023 година.

Scroll to Top