По Брендон Роџерс и Рафа Бенитез и менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, јавно кажал дека не е заинтересиран за менаџерската позиција во Њукасл јунајед.
Новите газди на Њукасл, пред два дена ја прекинаа соработката со Стив Брус. Човекот кој во неделата го имаше 1.000 натпревар во кариерата, спогодбено се раздели со клубот. Њукасл му исплатија на Брус 10 милиони евра.
По заминувањето на Брус, двајца се издвоија како кандидати за менаџерската функција во Њукасл, Паоло Фонсека и Стивен Џерард.
Дали ќе биде новиот менаџер на Њукасл го прашела новинарите Џерад по синоќешната победа на Ренџерс над Брондби (2:0), во Лига Европа.
„Дали во изгледам среќно? Дали во изгледам дотеран? Тогаш немојте да ми поставувате глупави прашања“, одговорил Џерард.
Новиот менаџер на Њукасл ќе има тешка задача, тој ќе треба да избори опстанок во Премиер лигата. Њукасл, по осум рунди се претпоследни на табелата, без победа, со само три бода.
Safe to say Steven Gerrard won't be joining Newcastle United. pic.twitter.com/b7IZIaeVsk
— Thomas (@Hyndman18_) October 21, 2021