Top Sport

Јасно е за кој ќе навива – Ферги во посета на ПСЖ и Почетино

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон денеска во хотелот „Лаури“ во Манчестер бил во посета на Пари Сен-Жермен, каде што разговарал со тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино пред вечерашниот дуел од полуфиналето на ЛШ против Манчестер сити.

На ПСЖ им е потребен камбек на „Етихад“ вечерва, откако загубија со 2:1 во првиот меч во Париз и 79-годишниот Фергусон сигурно му дал совети на Почетино, бидејќи неговиот Манчестер јунајтед беше препознатлив по ваквото враќање, од кои секако, најепското е тоа во финалето на ЛШ против Баерн Минхен во Барселона во 1999 година.

Фергусон исто така беше фотографиран со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, кој сега е и потпретседател на УЕФА по одбивањето на ПСЖ да се приклучи на Европската Суперлига.

Scroll to Top