Top Sport

Мурињо во Италија пак ќе се судри со стариот непријател Конте

Жозе Мурињо се врати во италијанскиот фудбал како нов тренер на Рома од следната сезона, и сега повторно ќе има шанса да се сретне со својот стар непријател Антонио Конте, кој ќе биде на чело на неговиот поранешен клуб, сега нов шампион на Италија, Интер.

Двајцата првпат се сретнаа во 2009 година, кога Конте беше тренер на Аталанта и одиграа 1:1 во Бергамо. Но, вистинскиот конфликт почна во октомври 2016 година, кога „Специјалниот“ беше навреден од прославата на Конте во последните минути од мечот Челси-Манчестер јунајтед.

Челси ги победија Јунајтед со 4:0 на „Стемфорд бриџ“ и фрустрацијата на Мурињо беше јасна кога му кажа на Конте: „Не прославуваш така на 4:0, туку на 1:0, инаку е срамота“.

Во март 2017, Челси и Јунајтед повторно се сретнаа во ФА купот во меч во кој Андер Ерера доби црвен картон, а по жалењето на Мурињо, Конте одговори со напаѓањето на тактиката на Португалецот. На крајот на сезоната тој удри уште еднаш по Мурињо.

„Пред две години Челси беше на 10. место. Не смееме да дозволиме сезона како под Мурињо повторно“, изјави тогаш Конте.

Мурињо пак удри: „Би можел да одговорам на многу начини, но нема да си ја губам косата зборувајќи за Антонио Конте“, јасно посочувајќи на трансплантацијата на коса на Италијанецот.

Во октомври 2017 година, Мурињо повторно го коментираше Конте: „Никогаш не зборувам за повреди. Други менаџери само плачат, плачат“. Конте беше лут: „Нека си го гледа својот тим, а не мојот. Мурињо сака да знае што се случува во Челси“.

Во 2018 година нова контроверза, кога Португалецот го нарече Конте кловн.

„Ако не се однесувам како кловн на линијата, не значи дека сум ја загубил страста. Се однесувам многу позрело, многу подобро за мене и за мојот тим. Не треба да се однесуваш како лудак за да имаш страст“, изјави Мурињо.

Конте одговори уште поостро, обвинувајќи го Мурињо за сенилност.

„Нека се види што правеше тој во минатото, можеби зборуваше за тоа. Можеби понекогаш ги заборава работите кои ги кажувал и ги правел во минатото“, изјави Италијанецот.

Ова не беше крај. Мурињо одговори со споменувањето на суспензијата за местење мечеви на Конте од 2012, кога Италијанската федерација го обвини Конте дека не ги известил за обид за местење додека беше тренер на Сиена.

„Јас никогаш не сум бил суспендиран за местење мечеви. Тоа нема да се случи“, изјави Мурињо.

Како и да е, ќе биде интересно.

Конте: Јас и Мурињо не се почитуваме

Совршена шега: Мурињо потпиша дрес со Антонио Конте на грбот

Конте ќе си ги „изеде“ зборовите од јули: Да избегнеме „Мурињо сезона“ со Челси!

Scroll to Top