Top Sport

Јавноста е згрозена од ритуалот на Чеснаков (Видео)

Володор Чеснаков, фудбалер на Ворскла, пред мечот со Арсенал во Лига Европа, направи нешто со што ја згрози фудбалската јавност.

Чеснаков постигна гол на овој меч кој заврши со победа на Арсенал 4:2, меѓутоа пред натпреварот предизвикал „инцидент“, што го забележале камерите.

29-годишниот фудбалер, во тунелот на „Емирати“, си плукнал во раката два пати, а потоа плунката ја размачкал по лицето.

Бизарната сцена можете да ја погледнете во приложеното видео.

Scroll to Top