Top Sport

Липи: Брих имаше халуцинации, УЕФА мора да го воведе ВАР

Славниот италијански тренер Марчело Липи ја повикал УЕФА „под итно“ да ја воведе ВАР-технологијата во Лигата на шампионите.

Повод за ваквиот коментар е црвениот картон што го доби Кристијано Роналдо, во вторникот, на натпреварот помеѓу Валенсија и Јувентус. Судијата Феликс Брих го исклучи Португалецот бидејќи го повлекол за косата играчот на Валенсија, Муриљо.

„Роналдо доби црвен картон бидејќи извесно лице халуцинираше. Не можеме на таков начин да ја компромитираме играта, особено не во ситуација која повлекува суспензија од најмалку два натпревари. Зборуваме за ас кој претходно никогаш не добил црвен картон во Лигата на шампионите, а одиграл 154 натпревари. Не направи ништо лошо, светот со право во него гледа ѕвезда, но тој пред се е момче што сака да им помогне на другите и ги почитува другите. Неговите солзи на ‘Местаља’ го потврдуваат тоа“, рекол Липи и дополнил.

„Сега УЕФА треба да излезе пред јавноста и да каже: ‘Господа ние згрешивме’. Не може да се избрише таа одлука, но понатамошна суспензија ќе претставува апсурд. Треба веднаш УЕФА да ја воведе ВАР-технологијата во Лигата на шампионите“, завршил поранешниот тренер на Јувентус.

Scroll to Top