Турскиот фудбалер Кенан Јилдиз (19) доби нов договор од Јувентус. Во новата сезона Јилдиз ќе носи нов број на дресот.
Турскиот репрезентативец се додека е во Јувентус на грбот ќе ја носи култната десетка. Со тоа си става тежок товар на рамениците, токму поради бројката која во славниот клуб ја носеа легендарните Мишел Платини, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро.
Овој вториот е и идол на новата „десетка“ на Јувентус.
Инаку, последен играч кој ја носеше десетката беше Пол Погба, чија кариера во клубот заврши неславно, доби отказ поради допинг.
Во Јувентус беа свесни дека Јилдиз наскоро би можел да биде на мета на бројни други клубови, па поради тоа тројно му ја зголемија платата. Наместо досегашните 300.000 евра (неговиот прв договор во клубот), ќе заработува над милион евра по сезона, пишуваат италијанските медиуми.
Јилдиз пред две години пристигна во Торино од Баерн.