Top Sport

Јирген Клоп избран за менаџер на годината: Ова беше луда сезона во Премиерлигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја доби наградата за најдобар тренер во Премиерлигата и истакна дека тоа е најважното индивидуално признание што може да го добие, а не би успеал без неговите помошници.

„Ова за мене е голема чест, а зад нас е луда сезона. Во последното коло, во кое само два натпревари немаа натпреварувачко значење, ние останатите дадовме апсолутно се од себе. Беше тензично, а за нас немаше најдобар исход. Кога ќе освоиш ваква награда – или си генијалец или го имаш најдобриот стручен штаб на светот. Јас сум тука поради мојот стручен штаб и тие знаат колку ги ценам“, изјави Клоп.

Ливерпул до последното коло се бореше за шампионската титула со Манчестер Сити, а сезоната во Премиерлигата ја заврши со 92 бода, бод помалку од ривалот, иако во еден момент „граѓаните“ имаа и +14.

„Црвените“ сезонава освоија два трофеи, ФА Купот и Лига купот на Англија, а имаат можност да го освојат и третиот, бидејќи в сабота во Париз ќе играат против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

„Фактот што колегите ме изгласаа за најдобар е најдобрата награда што можете да ја добиете. Не верувам во индивидуални награди во фудбалот, ова е тимски спорт и јас би бил никој и ништо без овие момци. Се работи за тоа што можеме направиме заедно и тоа што го направивме заедно“, изјави германскиот стратег.

Ливерпул в сабота од 21 часот во Париз ќе се бори со Реал Мадрид за пехарот во Лигата на шампионите.

Scroll to Top