Top Sport

Јирген Клоп не верува во неговата „фудбалска клетва“

Јирген Клоп направи неверојатна трансформација на Ливерпул од тим кој постојано се мачи за пласман до тим кој постојан осе бори за титулите во четири години на „Енфилд“. Но, порталот „Гол“ поставува едно „фер-прашање“: Дали Германецот е „проколнат“?

Некои менаџери, како Жозе Мурињо велат дека само трофеите се бројат, и победите во финалињата, и тука Германецот „потфрла“. На чело на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Клоп ги има донесено своите клубови до осум финалиња (вклучувајќи го овогодишното од ЛШ против Тотенхем), но има шест порази во низа и уште е без титула на „Енфилд“.

Дали е фер да се оценува Клоп како „проколнат“ ако се земат во предвид противниците во тие финалиња, неговиот тим и слично? Идејата за „клетва“ на Клоп започна само неколку месеци откако тој ја презеде контролата на Ливерпул и ги загуби финалињата од Лига Европа и од англискиот Лига куп. Претходно, со Ливерпул тој имаше четири финалиња и загуби три од нив, најславното 2:1 од Баерн Минхен во финалето на ЛШ во 2013 година.

Ливерпул немаат освоено лигашка титула речиси 30 години и оваа година таа изгледаше на дофат, пред Сити да ја одбранат титулата. Ова е третпат во последната деценија „црвените“ да се борат за титула – по 2008/09 и 2013/14, и единствениот пораз оваа сезона го имаа од Сити на „Етихад“. Клоп не верува дека постои „клетва“.

„Не се чувствувам проколнато. Не размислувам на тој начин. Колку што знам, јас сум здрав, моето семејство е здраво, ја работам работата која ја сакам и тоа ме прави среќен човек. Не мислам дека некој треба да победи повеќе од другите, но го давам максимумот. Ако се случи, се случи, ако не, тука е следната година. Да се обидеш да направиш што можеш и потоа повторно да да се обидеш. Таков сум“, вели Клоп.

Совршен начин за прекратување на сите теории за „клетва“ Клоп ќе има на 1 јуни, кога Ливерпул ќе ја брка својата шеста европска титула на „Ванда Метрополитано“.

ФИНАЛИЊАТА НА ЈИРГЕН КЛОП:

2012 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 5:2, ДФБ куп

2013 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 1:2, Лига на шампиони

2014 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 0:2, ДФБ куп

2015 Борусија Дортмунд – Волфсбург 1:3, ДФБ куп

2016 Ливерпул – Манчестер сити 1:1, 1:3 на пенали, Англиски лига куп

2016 Ливерпул – Севилја 1:3, Лига Европа

2018 Ливерпул – Реал Мадрид 1:3, Лига на шампиони

2019 Ливерпул – Тотенхем, Лига на шампиони, на 1 јуни

Scroll to Top