Top Sport

УЕФА со американски рецепт – ЛЕ север, ЛЕ југ, ЛЕ запад, ЛЕ исток…

УЕФА не продолжува со презентирањето на нови идеи за реформа на европските клупски натпреварувања од 2024 година, и според италијанскиот весник „Кориере дела сера“ најверојатната формула ќе биде „регионализација“ на Лигата на шампионите и на Лига Европа по рецепт на американските спортски лиги.

Според овој предлог, ЛШ би била поделена на четири групи со по осум тимови, со плејоф и плејаут – топ 6 клубовите ќе имаат сигурно место за следната сезона по вестите дека преку квалификациите само четири клубови ќе влегуваат во елитата. По ова би следела прва Лига Европа со 32 клубови и втора Лига Европа со 64 клубови.

Потоа, спроед „Кориере“, овие лиги би биле поделени по географски принцип – север, запад, исток и запад. Тимовите кои би се квалификувале од своите региони, потоа би играле нокаут формат за влез во ЛШ.

Со овој концепт, натпреварите речиси сигурно би се играле во текот на викендите, нешто за што европските лиги се противат долго време, а во исто време би се барало ФИФА да ги намали интернационалните паузи во текот на сезоната на само три.

Scroll to Top