Top Sport

Јоги Лев пред нов селекторски ангажман

Јоаким Лев кој по 15 години ја напушти репрезентацијата на Германија се наоѓа пред нов селекторски ангажман.

Британскиот сервис, Би-би-си, објави дека Лев би требело да биде новиот селектор на Русија.

„Зборнај“, вчера, остана без селектор, откако поради дебаклот на Еп, Станислав Черчесов спогодбено го раскина договорот.

Покрај Лев, кандидати за нов селектор на Русија биле Стефан Кунц и Андре Вилас-Боаш.

Јоаким Лев со Германија стана светски првак во 2014 година. На неговото место дојде Ханс-Дитер Флик.

Scroll to Top