Top Sport

Јокиќ и Тејтум држеа час по кошарка во Феникс и Њујорк, Батлер дебитираше за Вориорс

Никола Јокиќ и Џејсон Тејтум држеа час по кошарка во Феникс односно Њујорк, а Џими Батлер дебитираше во дресот на Голден стејт Вориорс изминатата ноќ во НБА лигата.

Денвер славеа во Феникс со 122.105. Актуелниот МВП, Јокиќ одигра само 28 минути, му недостигаше асистенција за нов трипл-дабл (26 поени, 11 скокови). Нагетс со 30 поени ги предводеше Џамал Мареј. Кристијан Браун и Џулијан Стротер постигнаа по 18 поени.

Во отсуство на Кевон Дурент, Феникс го предводеше Девин Букер со 24 поени.

Бостон Селтикс петтата победа во низа ја забележаа во „Медисон Сквер Гарден“. Селтикс го декласираа Њујорк со 131:104. Блескаше Џејсон Тејтум со 40 поени за помалку од 37 минути на теренот.

Нестварен натпревар и серија на Голден стејт за триумф во Чикаго. Вориорс славеа со 132:111. Во еден момемт во третата четвртина Чикаго водеа со 83:59, а потоа во 16 минути Вориорс направија серија од 67:18!.

Стеф Кари постигна 34 поени, а Џими Батлер за Вориорс дебитираше со 25 поени.

Резултати:

Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 112:111

Вашингтон Визардс – Атланта Хокс 111:125

Чикаго Булс – Голден Стејт Вориорс 111:132

Мемфис Гризлис – Оклахома Сити Тандер 112:125

Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејл Блејзерс 114:98

Њујорк Никс – Бостон Селтикс 104:131

Феникс Санс – Денвер Нагетс 105:122

Сакраменто Кингс – Њу Орлеанс Пеликанс 123:118

Лос Анџелес Клиперс – Јута Џез 130:110

Scroll to Top