Top Sport

Јон Арне Рисе и ќерка му имале сообраќајка, излетале од патот

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Рома, Норвежанецот со топовски удар, Јон Арне Рисе и неговата ќерка преживеале сообраќајна незгода, па завршиле во болница.

Јон заедно со ќерката Аријана се враќале од Торнберг во Алесунд кога возилото наеднаш удрило во заштитната ограда, по што излетало од патот.

Полицијата која брзо стигнала на местото на незгодата претпоставува поради што возачот ја изгубил контролата, а претпоставките се дека екс-фудбалерот се обидел да избегне нашто на коловозот.
Се огласи и менаџерот на Рисе, Ерланд Бак.

„Јон Арне ја возеше ќерка си во Алесунд и малку пред да стигнат, се појавило нешто на патот што го натерало наеднаш да заврти в лево и да излета од патот. Двајцата се добро, а со оглед на околностите, мораа до утрото да останат во болница“ – рече тој.

Scroll to Top