Среќна победа за тимот на Диего Симеоне на денешното гостување кај тимот на Еспањол. Со резултат 1-2 заврши мечот во кој домаќините имаа предност се до 80. минута со голот на Раул де Томас постигнат со глава, по еден корнер во 40. минути.
Сепак, Караско прецизно стрелаше во 80 минута за израмнување.
Нововлезениот Лемар уште во 53 минута го израмни резултатот, но неговиот гол беше поништен по ВАР сигнализација заради постоење на офсајд.
И кога сите го очекуваа последниот судиски свиреж, токму Лемар на асистенција на стрелецот Караско во 99-та минута носи триумф за гостите од Мадрид.
Со 10 освоени бода по 4 меча Атлетико е лидер на табелата во Серија А.