Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 2-0 славеа во дуелот против Севилја во рамки на шпанската Ла Лига. Избраниците на Чоло Симеоне иако топката комплетно им ја препуштија на гостите од Андалузија, знаеја како да стигнат до зацртаната цел – 3 бода за бегство од Реал и Барса кон титулата во лигата.
Кореа на асистенција на „помилуваниот“ Трипие во 17 минута донесе предност за домашниот состав.
Завршниот удар на Севилја и го зададе Саул во 76 минута, на додавање на Љоренте.
Севилја дури 13 шута упати кон голот на Облак, но само 2 одеа кон мрежата, па и двата завршија во неговите раце.
Атлетико по 16 одиграни натпревари (два помалку од најблиските конкуренти) собра 41 поен. Реал е втор со 37, а Барселона трета со 34.