Top Sport

Јошко Гвардиол со потписот за Манчестер Сити стана најскапиот дефанзивец во историјата

Јошко Гвардиол е нов играч на Манчестер Сити. Англискиот и европски првак го купи хрватскиот репрезентативец по неколкунеделни интензивни преговори. Гвардиол стана најскапиот стопер во историјата на фудбалот. Долго време Сити нудеше многу помалку од 100 милиони евра, но и многу бонуси, а сега се договорија со Германците и го доведоа за 92 милиони евра.

Гвардиол досега за Лајпциг одигра 87 натпревари и постигна пет гола и три асистенции. Во меѓувреме и се приклучи на хрватската репрезентација за која има 21 настап и два гола, а со Лајпциг освои два купа на Германија.

Ова е голема вест и за Динамо Загреб, кој има право на 15 проценти од разликата од она што Лајпциг го плати за Гвардиол и она што ќе го добие од следниот трансфер.

Германците за 21-годишниот фудбалер во 2021 година платија 18 милиони евра, а Динамо поседува 15 отсто од 74 милиони евра, односно ќе заработи 11,1 милиони евра.

Динамо ќе заработи и дел од таксата за развој преку самиот трансфер. Во клубот е од својата десетгодишна возраст, а трансферот е на 19. Според тоа, „модрите“ треба да добијат 2,75% од трансферот што изнесува околу 2,5 милиони евра. Вкупно Динамо ќе заработи 13,6 милиони евра.

 

Scroll to Top