Фудбалерот на турскиот клуб Адана Демирспор, Јован Манев, се приклучи на денешниот тренинг на А-репрезентацијата на Македонија и се очекува да дебитира на пријателскиот натпревар против Фарски Острови в понеделник.
Тој е поранешен младински репрезентативец, а сега доби повик од селекторот Благоја Милевски во најдобрата репрезентација.
Фудбалерите денеска одработија тренинг на комплексот на ФФМ, а утре ќе тренираат на арената „Тодор Проески“.