Top Sport

Јовиќ: Јас и мојот татко секогаш навивавме за Милан

Иако летниот преоден рок заврши пред три недели Милан денеска официјално го претстави српскиот напаѓач Лука Јовиќ на прва прес-конференција по неговиот трансфер.

25-годишниот напаѓач пристигна на „Сан Сиро“ на крајот на летото со едногодишен договор, иако „росонерите“ се договорија да ја презмат клаузулата од 50 отсто за секој следен трансфер, кој го бараше неговиот поранешен клуб Реал Мадрид пред да го продаде на Фиорентина.

„Вистинска чест е да се игра за вака голем клуб и ќе го дадам мојот максимум да ги оствариме елите. Имаше контакти од почетокот на летото и мојата постојана желба беше да дојдам тука и ги одбив сите други понуди. Имаше и контакт пред три години преку Паоло Малдини, но тогаш трансферот не се оствари. Потребно ми е време, бидејќи уште не сум на 100 отсто и ќе работам да бидам целосно подготвен во следните мечеви. Како дете навивав заз Милан. Мојот татко и сите мои пријатели се фанови на Милан и ова е остварување на сонот“, вели Јовиќ.

Scroll to Top