Top Sport

Пирс: Рашфорд против Баерн играше како да има фрижидер на грбот

Маркус Рашфорд минатата сезона несомнено беше најдобриот играч на Манчестер јунајтед, но оваа сезона не почна најдобро за Англичанецот, и тој доби жестоки критики од поранешниот англиски фудблер, Стјуарт Пирс, кој смета дека тој потфрлил на мечот со Баерн Минхен.

Иако имаше асистенција на првиот гол на Расмус Хојлунд, Пирс смета дека Рашфорд не покажал потребна борбеност во поголемиот дел од мечот и дека изгледал како да има „фрижидер на грбот“.

„Манчестер јунајтед загубија бидејќи многу од нивните играчи не се потрудија. Рашфорд не трча назад, Касемиро не трча назад. Летото Онана се караше со Хери Мегваер, а сега е време да се кара целиот тим. Премногу фудбалери се откажале и тоа е алармантно. Јунајтед толку немаат брзина и имаа среќа што Баерн не се потрудија повеќе“, вели Пирс.

Scroll to Top