Фиорентина со 7:0 го совлада нисколигашот Реал Виченца во подготвителен натпревар, на кој четири пати топката во мрежата ја сместуваше новото засилување на Виола, српскиот напаѓач Лука Јовиќ.
24-годишниот Јовиќ, кој пристигнаво Фиренца во петокот од Реал Мадрид кои му го раскинаа договорот, влезе во игра во второто полувреме. Во 56. минута даде гол од пенал, по што стрелаше и во 68., 79. и 84. минута од мечот.