Top Sport

„Јовиќ е како дух во соблекувалата. Не игра дека е мрзлив“

Новинарите на „Марка“, направија анализа зошто скапите засилувања Лука Јовиќ, Еден Азар и Герет Бејл не играат за Реал оваа сезона. Овие тројца со месеци се само декор на клупата за резерви. Во дебаклот против Барселона, Карло Анчелоти, во финишот реши да му даде шанса на Маријано Дијаз, пред Јовиќ, Бејл и Азар.

„Марка“ пишува дека Реал никогаш не му бил приоритет на Бејл. Негов интерес бил само репрезентацијата на Велс. Азар имал добра став, но Анчелоти сметал дека не физички не е подготвен и поради тоа не можел да му помогне на тимот.

Новинарите на „Марка“, Јовиќ го опишале како дух. Соиграчите сметале дека тој не се труди доволно за да се избори за место во тимот.

„Велат дека никој не забележува кога доаѓа и кога заминува од тренинзите. Тој е како дух. Анчелоти се откажа од Србинот поради неговиот мек став, ограниченото учество и малиот придонес во одредени моменти. Неговата мрзливост пресуди Маријано да добие шанса во дербито со Барселона“.

Реал за Јовиќ платија 60.000.000 евра. Сезонава постигнал само еден гол, играл во 13 натпревари. Сигурно е дека Јовиќ ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top