Лука Јовиќ е главна тема во шпанските медиуми. Напаѓачот платен 60 милиони евра на вчерашниот тренинг скршил коска во стапалото поради оваа повреда за него сезоната е завршена.
Шпанските медиуми открија дека Јовиќ ги излажал луѓето во клубот и дека се повредил во Белград на индивидуален тренинг, а по враќањето во Мадрид не ја пријавил повредата.
Прогнозите се дека Јовиќ два месеци ќе се рехабилитира од повредата.
Инаку српскиот репрезентативец беше единствен од реал кој за време на пандемијата ја напушти Шпанија. Во Србија се најде на удар откако ги прекрши правилата за 14 дневен карантин.
Се она то ми се случува од почетокот на сезоната во Мадрид може само да ја забрза одлуката на клубот да го продаде. Наводно сериозен интерес за него покажал Милан.