Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ решил да се врати во својот стар клуб Ајнтрахт Франкфурт на позајмица наместо да замине во Милан бидејќи не сакал да биде резерва на Златан Ибрахимовиќ, тврдат италијанските медиуми.
Откако постигна само два гола во дресот на „кралевите“ и не беше во плановите на Зинедин Зидан, Милан беше најголемиот клуб кој беше заинтересиран за неговите услуги, а неговиот агент Фаљи Рамадани преговарал со „росонерите“ и зделката била договорена, пред Јовиќ да реши да се врати во Германија.
Тој ги одбил Милан бидејќи не му било гарантирано дека ќе биде прв напаѓач во екипата, бидејќи 39-годишниот Ибрахимовиќ доминира и оваа сезона, а во Милан сакале тој да биде резерва. Ибрахимовиќ има постигнато 13 гола во Серија А оваа сезона и покрај тоа што беше во аут со КОВИД-19 и повреда на бутниот мускул. На негово место во Милан пристигна Марио Манџукиќ.