Играчот на Реал Мадрид Лука Јовиќ ја одбил можноста да се пресели во Наполи. Српскиот напаѓач сакал и наредната сезона да игра во Лигата на шампионте.
Јовиќ не ги оправда 60 милиони евра колку што вложи Реал во нег и се погласни се најавите дека ќе го напушти клубот. Наполи покажале сериозен интерес меѓутоа тој не сака ја одбил можноста поради местото на кое се наоѓаат наполтанците во Серија а.
Наполи се шести на табелата со девет поени помалку од четврто пласираната Аталанта.
Менаџерот на фудбалерот Фаљи Рамадани го известил претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис дека неговиот клиент нема желба да се пресели на „Сан Паоло“.
Планот на Де Лаурентис бил да го позајми Јовиќ, а потоа и да го откупи неговиот договор од Реал.