Лука Јовиќ, српскиот напаѓач кој се врати во Ајнтрахт Франкфурт како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, вели дека во клубот му недостасува поранешниот соиграч, Хрватот Анте Ребиќ, кој направи постојан трансфер во Милан.
Ајнтрахт стигна до полуфиналето на Лига Европа во 2019, кога двајцата напаѓачи заедно со Французинот Себастиен Але (сега во Ајакс) беа дел од тимот.
„Секако дека ми недостасува, споделивме прекрасни моменти во Франкфурт, остваривме нешто историско за клубот“, вели Јовиќ за „Билд“.
Двајцата за малку ќе станеа соиграчи во Милан во јануари, но Јовиќ наводно ги одби „росонерите“ бидејќи се плашеше дека ќе биде резерва зад Златан Ибрахимовиќ.