Зинедин Зидан редовно повторува дека ќе му даде уште една шанса на Лука Јовиќ, меѓутоа шпанските медиуми секојдневно пишуваат дека Реал Мадрид бара каде да го испрати напаѓачот на позајмица.
Наводно Јовиќ бил заинтересиран да се врати во Ајнтрахт Франкфурт каде што го играше најдобриот фудбал во кариера.
Желбите на Јовиќ се едно, а реалноста нешто друго. Ајнтрахт воопшто не биле заинтересирани за него. Во нападот ги имаат Андре Силва и Бас Дост и немаат потреба од трет напаѓач.
Проблем клубовоте кои сакаат да го позајмат Јовиќ претставува и неговата плата. Тој во Реал има нето плата од 5.000.000 евра.
Опции за српскиот репрезентативец се Милан, Рома и Наполи.