Top Sport

Јовиќ: Нема да се откажам, ќе се вратам во Реал

Лука Јовиќ, напаѓачот на Реал, кој од јануари игра на позајмица во Ајнтрахт, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Мадрид. Српскиот репрезентативец , имал намера на сите да им покаже дека заслужува место во најславниот клуб во светот.

Јовиќ, летото во 2019 година, пристигна на „Сантојаго Бернабеу“. Реал за неговиот трансфер издвои 60 милиони евра. Добрата форма од Ајнтрахт не успеа да ја пренесе во Реал. За 18 месеци, Србинот постигна само два гола за Реал.

„Не е опција да се откажам. Составен дел од секоја работа е притисокот, особено тоа е присутно во професионалниот фудбал. Јас немам проблем со тоа, сакам предизвици, сакам да се натпреварувам со најдобрите. Знам колку вредам, знам какви квалитети имам. Важно е да се запамти дека јас се уште сум фудбалер на Реал“, рекол Јовиќ за шпанските медиуми.

Scroll to Top