Top Sport

Јовиќ откри зошто не му оди со Зидан – слаб му е шпанскиот

Српскиот фудбалер, Лука Јовиќ (23) овој месец стигна на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт од редовите на Реал Мадрид и на првите 3 меча за старо-новиот клуб постигна 3 гола.

Во Германија ќе остане барем до крајот на сезоната. Под водство на Зинедин Зидан во Реал не можеше да покаже зошто кралскиот клуб за него плати 63 милиони евра во 2019 година.

Србинот ги образложи причините:

„Точно е дека дадов само 2 гола во Реал, а сега само за 2 меча во Франфурт постигнав исто толку. Градот, стилот на игра и екипата ми одговараат. Комуникацијата со тренерот Хутер е полесна, затоа што може да разговараме на англиски. Шпанскиот не ми е најсилна страна“ – рече Јовиќ.

Scroll to Top