Top Sport

Јовиќ: Прерано отидов во Реал и немав среќа на почетокот

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ се обидува да се врати во вистинска форма оваа сезона во Фиорентина, откако честопати беше споменуван како најлошото засилување во историјата на Реал Мадрид, и вели дека едноставно немал среќа со трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ кој го направил прерано.

Јовиќ блескаше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, по што „кралевите“ платија 60 милиони евра за неговиот трансфер во летото 2019 година. Меѓутоа, поради низа повреди и слаба форма, тој постигна само 4 гола во дресот на Реал, по што прво беше пратен на позајмица назад во Франкфурт, пред ова лето да направи постојан трансфер во Фиорентина.

„Искуството во Реал беше добро и многу важно за мене. Голема чест е што бев дел од најголемиот клуб на светот. Меѓутоа, мислам дека отидов таму прерано, а во моментот кога пристигнав, експлодираше Карим Бензема и оваа сезона ја освои ‘Златната топка’. На почетокот немав среќа. Прво почна короната, а потоа и повредите. Се решив за Фиорентина, иако имав понуди од поголеми клубови. Сите знаат дека финансиски пропуштив многу да дојдам тука, но се наоѓам на вистинско време за да ја вратам старата форма“, вели 24-годишниот Јовиќ.

Scroll to Top