Top Sport

Кулибaли: Постојано зборувам за Наполи, ако ја освојат титулата, таа ќе биде и моја!

Сенегалскиот дефанзивец, Калиду Кулибали открива дека зборува за воодушевачкта форма на неговиот поранешен клуб, Наполи и во соблекувалната на Челси, и смета дека ако оваа година стигнат до скудетото, тоа ќе биде и „негово“. Кулибали по осум сезони во Неапол, во текот на летото се пресели во Премиерлигата.

„Мојот циклус беше готов и го дадов максимумот, но уште ја чувствувам секоја победа и секој гол. Ова исто така е мој Наполи и среќен сум што помогнав во растот на клубот. Постојано зборувам за победите на Наполи со соиграчите во Челси. Горд сум, честопати зборувам со Ангиса и Осимен, а дури и му праќам и пораки на Кварацхелија, иако не го познаваам момчето“, вели 30-годишниот Кулибали во интервју за „Кориере дела сера“.

Наполи се лидери во Серија А со пет поени предност пред Аталанта и се непоразени и во Лигата на шампиони, каде што вечерва во последното коло од групната фаза гостуваат кај Ливерпул. Кулибали беше блиску до титулата со Наполи во 2017/18, кога под Маурицио Сари освоија 91 поен.

„Тоа беше поинаков фудбал, игравме неверојатно. Се надевам дека оваа година ќе стигнат до титулата, но нема да кажам дека ќе биде така поради суеверието. Ако ја освојат, тоа ќе биде и моја титула“, додава Кулибали.

Scroll to Top