Лука Јовиќ е играч за чии потпис летово ќе се борат најголемите европски клубови. Спскиот репрезентативец во своите редови сакаат да го видат шпанските великани Барселона и Реал, ПСЖ, односно Баерн Минхен.
Јовиќ е фудбалер на Бенфика, кој игра како позајмен во Ајнтрахт Франкфурт. Германскиот тим по завршувањето на сезоната ќе го плати обесштетувањето и веројатно веднаш ќе го продаде. Напаѓачот е проценет на сума помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Иако врвни тимови покажуваат интерес за Јовиќ, неговиот татко Милан за „Билд“ рекол дека неговиот син планира да остане во Франкфурт.
„Лука има понуди. Една од нив и онаа на Барселона, Но, тој не е заинтересиран. Не сум сигурен дека би можел да игра таму. Лука сака да игра во Лигата на шампиони со Ајнтрахт. Тој сака редовно да игра за да може да напредува“, рекол Милан Јовиќ.
Инаку, Јовиќ вечерва како играч на Ајнтрахт ќе игра против својот поранешен тим Бенфика, во првиот четврт-финален натпревар во Лига Европа.