Top Sport

Лукаку: Пласман понатаму? Барса не е ПСЖ

Барселона синоќа на „Олд Трафорд“ во Манчестер направи голем чекор кон пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите. Во реваншот, пред својата публика, Каталонците ќе влезат со предност од 1:0. Манчестер Јунајтед можат да е надеваат дека, дека како и противн ПСЖ во претходната рунда ќе можат да направат сензација.

„Пласман понатаму? Барселона не е ПСЖ. Тие имаат многу повеќе искуство“, бил искрен во својата изјава напаѓачот на Јунајтед, Ромелу Лукаку.

„Мораме во вториот меч да играме со многу поголема самодоверба. Мораме на „Ноу Камп“ да создадеме повеќе шанси и да играме со поголема страст“, заклучил Белгиецот.

Реваншот во Барселона на програмата е за седум дена.

Scroll to Top