Top Sport

Јовиќ се согласил на трансфер во Милан?

Милан се блиску до договарање на трансферот на Лука Јовиќ од Реал Мадрид откако и самиот напаѓач дал зелено светло за заминување од „Бернабеу“, тврдат италијанските медиуми.

Откако го добиле потврдниот одговор од Србинот, „росонерите“ треба да се договорат со Реал Мадрид за условите, односно дали би се работело за постојан тренинг или некој тип на позајмица со обврска за купување.

Мадрид платија 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт за 22-годишниот напаѓач минатото лето, но тој постигна само два сезона во 24 меча пред стопирањето на сезоната поради корона вирусот. Покрај тоа, тој предизвика голем број на скандали за време на кризата, откако прво во Србија му беше поднесена кривична пријава за прекршување на карантинот, а потоа го повреди стапалото додека беше во изолација. Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ губат нерви со него, посебно по последниот истап, кога се пофали со организирање на скара додека постојат правила за социјално дистанцирање.

„Росонерите“ во него гледаат како долгорочна замена за Златан Ибрахимовиќ, кој се очекува да замине на крајот на сезоната. На „Сан Сиро“, Јовиќ би се обединил со поранешниот партнер во нападот на Ајнтрахт, Хрватот Анде Ребиќ.

Scroll to Top