Top Sport

Таткото на Хабиб се разбудил и разговарал со него

Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги отворил очите и зборувал со својот син, продолжувајќи со опоравувањето од мозочниот удар предизвикан од КОВИД-19, вели менаџерот на фајтерот, Али Абделазиз.

Постариот Нурмагомедов останува во воената болница во Москва откако мораше да оди на операција на срцето и двапати беше поставувам во медицински индуцирана кома, последен пат на 19 мај. Првично неговата состојба беше опишана како „сериозна и стабилна“, но сега доаѓаат вести дека тој има прогрес и дека зборувал со својот син.

„Хабиб е силен човек, неговото семејство е силно. Неговиот татко се подобри. Тој ги отвори очите, разговараше малку и тоа е добар знак. Имаме верба дека ќе биде подобро, но на крајот, до Алах е. Но, прогресот е забележлив и среќни сме за тоа“, вели Абделазиз за „ЕСПН“.

Абдулманап Нурмагомедов се разболе во родниот град Махачкала во Дагестан, каде што првата дијагноза беше пневмонија. Кога неговата состојба се влоши, тој беше пренесен во клиника во Москва, каде што беше потврдено дека е позитивен на корона вирусот.

Scroll to Top