Top Sport

Јовиќ станува „топчија“?

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието на Пиринеите, а на неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ по се изгледа и се ближи крајот.

Од „Еуроспорт“ тврдат дека српскиот ас уште зимава ќе го напушти Мадрид и ќе се пресели на Островот.

Според нивните сознанија, лондонски Арсенал сака да го доведе напаѓачот во своите редови, но сигурно би се работело за позајмица затоа што договорот на Јовиќ со „Кралевите“ е до 2025 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека екс-играчот на Ајнтрахт Франкфурт освен во Арсенал, може да се случи да заврши во уште еден лондонски клуб – Вест Хем.

Scroll to Top