Лука Јовиќ призна дека советот на неговиот сонародник и поранешен фудбалер на Фиорентина, Душан Влаховиќ му помогнал да го избере клубот од Фиренца, додека најголема инспирација му е ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо.
Србинот пристигна на „Артемио Франки“ откако Реал Мадрид му го раскина договорот, но ја заддржа опцијата да заработи 50 отсто од неговиот следен трансфер, и тој потпиша двегодишен договор и веќе дебитираше за тимот со четири гола во подготвителен меч со италијански нисколигаш.
„Вистинско задоволство е да се носи овој дрес. Многу фудбалери од Балканот играа тука и тоа ми даде дополнителна мотивација. Подготвен сум да го дадам максимумот и да направам што ќе побара од мене тренерот. Подобро играм кога имам партнер во нападот, но играв и како еден напаѓач во Франкфурт и Мадрид и тука сум да помогнам. Душан направи убава криера во Италија и ќе се обидам да имам ист успех. Ние сме соиграчи во репрезентацијата, но сега ривали во Серија А и да видиме што ќе се случи. Секогаш имал само убави зборови за клубот и фановите и тоа ми помогна да го направам изборот“, вели Јовиќ.
Тој следната сезона ќе го носи дресот со број 7, инспириран од својот фудбалски идол, Кристијано Роналдо.
„Го избрав бројот 7 бидејќи немаше многу друг избор којми се допаѓа. Се надевам ќе ми донесе добра среќа како на Кристијано Роналдо“, вели Јовиќ.
Our new n. 7 ?⚜️#forzaviola #fiorentina #jovic pic.twitter.com/OlMs4q0TIf
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 14, 2022