Top Sport

Златан во „елемент“: Навиваш за Интер? Жал ми е за тебе

Злтан Ибрахимовиќ и како обичен турист не прекинува да ги иритира навивачите на Интер, откако на одмор на езерото Гарда во северна Италија, имаше интересна „закачка“ со еден фан на „нераѕурите“.

Швеѓанецот, кој имаше сериозна операција на коленото, но сепак ќе го продолжи договорот со Милан, пиел кафе кога бил препознат од група фудбалси фанови кои побарале селфи и автограми. Но, според „Ла газета дело спорт“, еден од групата бил навивач на Интер, и кога Златан го препознал му кажал со насмевка: „Навиваш за Интер? Жал ми е за тебе“.

И покрај ова „боцка“, Златан помина три сезони во Интер од 2006 до 2009, постигнувајќи 66 гола во 117 настапи во црно-синиот дрес.

Scroll to Top