Top Sport

Јубилеј – Серхио Рамос го одиграа 500 натпревар во Ла Лига

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, во саботата, го одигра 500 натпревар во шпанската Ла Лига.

Првите 39 натпревари Рамос ги одигра во дресот на Севилја во својата прва професионална сезона, а од 2005 година за Реал одиграл 461 натпревар во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.

Серхио Рамос е десеттиот играч со 500 настапи во Ла Лига.

Рекордер е Андони Зубизарета кој за Барселона, Атлетик Билбао и Валенсија бранел на 622 натпревари. Во првите десет се Хоакин, Раул, Еузебио, Франциско Бујо, Мануел Санчиз, Икер Касиљас, Чави и Мигуел Солер.

 

Scroll to Top