Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, го објави списокот на играчи на кои смета на Светското првенство во Канада, Мексико и САД ова лето, каде што „Панцерите“ ќе атакуваат на петтата титула.
Она што се претпоставуваше, претпладнево доби потврда, дека Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија и ќе биде број 1 во националниот тим.
Списокот изгледа вака:
голмани: Мануел Нојер, Оливер Бауман и Александар Нибел;
одбранбени играчи и играчи од средниот ред: Валдемар Антон, Натаниел Браун, Паскал Грос, Џошуа Кимих, Феликс Нмеча, Александар Павловиќ, Давид Раум, Антонио Ридигер, Нико Шлотербак, Анџело Штилер, Џонатан Та и Малик Чоу
напаѓачи: Надием Амири, Максимилијан Баер, Леон Горецка, Каи Хаверц, Ленарт Карл, Џејми Левелинг, Џамал Мусијала, Лерој Сане, Денис Ундав, Флоријан Вирц и Ник Волтемаде.
Германија е во групата Е, во која нејзини ривали се Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор. Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
