Top Sport

Јуначка ждрепка за Македонија! Гостување кај Италија, па потоа оди на Португалија или Турција

Македонската фудбалска репрезентација го доби европскиот шампион Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство, а ако успееме да направиме сензација и да ги совладаме „аѕурите“ на гости, тогаш за нас следува уште еден тест – меч за пласман на Мундијалот против подобриот од Португалија и Турција, и тоа повторно на гости.

Ждрепката исто така значи дека една од фаворизираните репрезентации на Португалија и Италија нема да биде на Мундијалот во 2022 – односно или Кристијано Роналдо нема да може да игра на своето последно првенство, или Италија второ првенство во низа нема да биде меѓу елитата.

Додека во првата „патека“ А се собраа Шкотска, Украина, Велс и Австрија, репрезентации кои се силни, но не се првокласни, а во втората „патека“ се Русија, Полска, Шведска и Чешка, најсилната конкуренција остана за нас и за Турција.

БАРАЖ ЗА СП 2022

ПАТЕКА А

Шкотска – Украина

Велс – Австрија (*)

ПАТЕКА Б

Русија – Полска (*)

Шведска – Чешка

ПАТЕКА Ц

Италија – Македонија

Португалија – Турција (*)

(*) победниците ќе бидат домаќини во финалето

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top