Манчестер јунајтед се подготвени да дадат 100 милиони евра да го добијат потписот на нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен, кој би го заменил Кристијано Роналдо следната сезона, тврди „Раи спорт“.
Нигериецот постигна 11 гола во 22 меча оваа сезона, но беше два месеци во аут по страшната повреда на лицето. Откако се врати во акција во јануари, тој постигна два гола во шест меча.
Според „Раи спорт“, 22-годишниот Осимен е првата цел за да го заменат Кристијано Роналдо, чија иднина на „Олд Трафорд“ е несигуран и покрај тоа што пристигна во Јунајтед минатото лето.
Тие додаваат дека доколку го продадат Осимен, Наполи ќе го донесе Џанлука Скамака од Сасуоло, иако за Италијанецот се заинтересирани Интер и Милан.
Rai – Lo United vuole Osimhen: ADL lo valuta 100mln! Koulibaly può restare https://t.co/cxIkX0P14T
— TuttoNapoli.net (@tuttonapoli) February 27, 2022