Top Sport

Ферстапен: Во Бахреин ќе имаме целосно поинаков болид од тој од тестирањето

Светскиот шампион, Макс Ферстапен вели дека е тешко да се каже колку ќе биде силен неговиот нов болид, но призна дека до првата трка во Бахреин на 20 март ќе има многу промени на РБ18 машината на Ред бул.

Првиот од двата Ф1 теста пред стартот на сезоната се оддржа минатата недела на патеката „Каталуња“ покрај Барселона, каде што речиси сите тимови покажаа импресивна постојаност со многу малку откажувања. Ферстапен е задоволен од сработеното, но посочи дека во Бахреин ќе има „целосно поинаков болид“.

„Тешко е да се дава оценка по првиот тест. Позитивно беше што болидот возеше без проблеми, без откажувања. Во Бахреин ќе биде сосема поинаку пред првата трка, болидот ќе биде целосно поинаков. Јас бев фокусиран на тоа да завршиме што е можно повеќе кругови за да добиеме подобра слика и повеќе податоци за анализирање. За брзината ќе се грижиме подоцна“, вели Ферстапен.

Scroll to Top