Манчестер јунајтед направиле понуда од 50-тина милиони евра за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, јавува порталот „Гол“. Францускиот напаѓач, за кого се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, имаше 23 гола во сите натпреварувања за францускиот клуб по трансферот од Селтик.
Според „Гол“, Јунајтед го следат развојот на Дембеле од неговите денови како јуниор на Пари Сен-Жермен, а неколку пати беше препорачуван на Јунајтед од амбасадорот на клубот, Ерик Кантона. Дембеле има договор за Лион до 2021 година.
Сепак, треба да се види дали 22-годишниот Дембеле е подготвен за трансфер на „Олд Трафорд“, каде што следната годиа ќе се игра во Лига Европа, за разлика од Лион, кои се враќаат во Лигата на шампионите.
Се очекува Јунајтед да бидат активни на пазарот откако сезоната ја завршија 32 поени зад Манчестер сити на шестото место, и се верува дека сигурен трансфер е само тој на крилото на Свонси, Даниел Џејмс.