Top Sport

Дибала го демантира својот брат: Сакам да останам во Јуве

Пауло Дибала ги отфрли коментарите на неговиот брат Густаво за желба за заминување од Јувентус, велејќи дека сака да остане во „старата дама“.

Популарниот „Ла хоја“ е поврзуван со трансфер во Атлетико Мадрид или Манчестер јунајтед подолго време, а шпекулациите се зголемија кога неговиот брат Густаво во Аргентина изјави дека има големи шанси да си замине од Јувентус бидејќи „таму, секако, не е среќен“. Дибала во интервју за „Скај спорт Италија“ вели дека тоа е само негово мислење.

„Мојот брат го кажа своето мислење, а јас имам свое. Зборував со спортскиот директор Фабио Паратичи и тој знае што размислувам и дека сакам да останам во Јувентус. Тоа не зависи само од мене, бидејќи клубот ќе направи план според новиот тренер, но јас сакам да останам. Најважното е да се победува, иако навивачите сакаат и напаѓачки фудбал. Имам огромна почит кон дресот кој го носам, така што нема да зборувам за други клубови“, вели Дибала.

Scroll to Top