Top Sport

Јунајтед даваат 40 милиони фунти за Варан за партнерство со Мегваер во одбраната

Оле Гунар Солскјер е подготвен да потроши 40 милиони фунти од летниот буџет за засилувања да го донесат централниот бек на Реал Мадрид, Рафаел Варан ова лето, со кое тој би формирал посилна одбрана во партнерство со капитенот Хери Мегваер.

Јунајтед се блиску до обезбедување на второто место во Премиер лигата, но одбраната не им е најсилниот детаљ и тие имаат повеќе примени голови од 17-пласираниот Брајтон.

28-годишниот Варан е подолго време на „радарот“ на „ѓаволите“, и со себе носи огромно искуство со 359 настапи за Реал Мадрид и 73 настапи за француската репрезентација. Тој има само уште една година од договорот со Реал.

Scroll to Top